Купувачот при прием на пратката треба да ја прегледа истата, да провери дали испорачаното одговара на нарачката и во присуство на нашиот доставувач да утврди дека производите се во добра состојба или пак, во истиот момент треба да се пожали доколку пратката е неисправна. Еми-Бети д.о.о не одговара и не заменува производи (од балони) по приемот на пратката. Поради чувствителноста на производите (балони), тие не се враќаат или заменуваат, ниту пак се враќаат парични средства за купените балони.
Купувачот има право на рекламација за останатите производи купени на нашата страна (освен балони) во следниве случаи:
- кога се испорачани производи кои не се нарачани;
- кога се испорачани производи кои имат грешка или оштетувања кои настанеле при транспортот или од производителот.
Производот кој е неупотребуван, неотпакуван, може да се врати во рок од 5 дена, заедно со приложената фактура и истиот да се замени со соодветен нов.
Во случај да барате враќање на паричните средства, тоа можете да го остварите само доколку производот го вратите неупотребуван, во оргинална амбалажа, со приложена фактура, испратница, во рок од 5 дена од приемот на производот.
Во случај да не можеме да го испорачаме платениот производ, се обврзуваме да ви ги вратиме уплатените средства на сметката од која биле уплатени, во рок од 5 дена од утврдувањето на невозможноста за достава.